Напаѓалот на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе се здобил со повреда за време на синоќешниот дуел со Бриж во Лигата на шампиони.
Мбапе го напушти теренот во 51-та минута со болки во глуждот, а Покетино потврди дека се работи за повреда.
„Килијан има повреда на десниот глужд. Претходно имаше проблем и со левиот глужд. Ќе оди на дополнителни прегледи и ќе знаеме колку ќе отсуствува“, изјави Покетино.
Ѕвездениот тим на ПСЖ синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај Бриж.