СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 09.04.2021,полициски службеници од Полициска станица Куманово извршиле претрес во домот во кој престојува пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „екол туна” со рамка со седум куршуми, за кој не поседувал дозвола.