сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ова е моментот кога дваесетина полицајци упаднаа во кафуле и го уапсија организаторот на вчерашните протестите во Тетово (ВИДЕО)

Ова е моментот кога дваесетина полицајци упаднаа во кафуле и го уапсија организаторот на вчерашните протестите во Тетово (ВИДЕО)

Дваесетина полицајци во кафуле го Тетово го уапсија организаторот на вчерашните протести во Тетово Блерим Ахмеди.

Како што може да се види на самото видео Ахмеди седи во кафуле, а во еден момент упаѓаат повеќе полицајци и како што може да се слушне од истото му велат „мораш да дојдеш со нас, бидејќи си уапсен“, во еден момент тој му се обраќа на полицаецот со кого разговара, „ова го разбирам како диктатура“, на што тој му возвраќа „не, не, нема тука диктатура“. По краток разговор со полицијата Блерим Ахмеди со лисици на рацете беше спроведен во полициската станица во Тетово.

Инаку, граѓаните кои вчера попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот.

Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.

Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со Ковид 19 кои биле на лекување.

Видео: FOL

Најнови вести