Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во водите на реката Вардар во центарот на Скопје.
Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата. Скопје, една поинаква приказна, напиша Шилегов на Фејсбук.
Галииите во центарот на Скопје беа поставени во реката Вардар од централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ како дел од проектот Скопје 2014.
По овој пост, граѓаните револтирано му одговараа на Шилегов дека е прочитана книга и дека му се ближи крајот.
„Здрав човек не се фали со рушење“, „Само да уништувате, дали нешто направивте?“, „За кратко ќе заминете во историјата“, се само дел од револтираните коментари.