недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ленс ќе игра без публика на два домашни натпревари

Ленс ќе игра без публика на два домашни натпревари

Францускиот фудбалски прволигаш Ленс ќе игра два домашни натпревари без присуство на публика поради навивачките немири што се случија на саботното првенствено дерби против Лил, соопшти денеска дисциплинската комисија на француската лига.

Навивачките инциденти на натпреварот меѓу Ленс и Лил се случија на полувремето поради што продолжението доцнеше повеќе од половина час, а под знак прашање беше дали дуелот воопшто ќе може да се одигра.

До инцидентите дојде кога гостинските навивачи почнаа да фрлаат разни предмети на трибините со навивачите на Ленс, по што домашните навивачи втрчаа на теренот и се упатија кон трибината каде беа сместени гостинските навивачи. Дојде до физички пресметки, а инциденти од поголеми размери спречија интервентната полиција и редарските служби. (МИА)