недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Водовод вршел надзор на терен за замена на цевки, а немало договор со фирма за изведување на работите (ДОКУМЕНТИ)

Водовод вршел надзор на терен за замена на цевки, а немало договор со фирма за изведување на работите (ДОКУМЕНТИ)

Не е потпишан договор за реконструкција и замена на водоводни цевки или истиот се потпишува во октомври 2020-та, ама претходно од август истата година јавното претпријатие Водовод врши надзор на терен за изведување на работите.

Во документот за надзор има детали за периодот од 11 август заклучно со 28 октомври кој се е затекнат на терен и кој што правел на терен иако за изведување на работите до почетокот на октомври нема никаков договор.

„Невозможно е јавно претпријатие да врши надзор на работите на терен, а за истите да нема склучено договор со фирма. Или од документите гледаме дека тоа е сторено, но со ова се прави кривично дело, затоа што работите за изведување ги прави фирмата, добива пари, а нема договор“, коментираат правници.

Станува збор за реконструкција и замена на водоводни цевки на улица „Варшавска“ во скопската општина Карпош, односно за работи кои се започнати на оваа улица без претходно постигнат договор. Договорот помеѓу фирмата КОДИНГ и јавното претпријатие Водовод се прави на 9 октомври 2020 година, но истата фрма стартува со работите без потпишан договор.

Ова укажува на постигнат договор на директорот Душко Весковски од Водовод и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со фирмата, односно и ветуваат дека токму таа ќе ја добие и формално работата.

„Јасно е дека Весковски и Шилегов се прават по сопствена волја, прават криминално дело, односно испумпуваат народни пари. Ова е класичен криминал за кој надлежните мора да постапуваат“, коментираат правници.

Тие прашуваат како е можно да има Барање услуга согласно договор, односно овој предмет да датира од 24 јули 2020 година, а да нема договор или истиот да се потпише на 9 октомври 2020 година.

За ова ВМРО-ДПМНЕ деновиве поднесе кривична пријава за очигледно наместениот тендер.

„Поднесовме обемен материјал со докази кои што го потврдуваат сето она кое што го говоревме и се она кое што ќе сака да го прикријат доколку сакаат да го прикријат од страна на секторот за организиран криминал, би било само јавен преседан во заштита на криминалот и корупцијата на власта“, соопшти на прес конференција партискиот портпарол, Димче Арсовски.