вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси е повреден, го пропушта и дуелот против Монпеље

Меси е повреден, го пропушта и дуелот против Монпеље

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) Лионел Меси поради повредата на левото колено ќе го пропушти утрешниот натпревар против Монпеље во рамки на француското првенство, соопшти денеска клубот од Париз.

ПСЖ наведе дека Аргентинецот продолжува со рехабилитација и оти новите прогнози околу неговото закрепнување ќе бидат познати в недела, два дена пред дуелот против Манчестер сити во Лигата на шампиони.

Меси поради повреда го пропушти и претходниот првенствен натпревар. (МИА)