понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Мигранти од Сомалија, Сирија и Пакистан пронајдени во Македонија

Мигранти од Сомалија, Сирија и Пакистан пронајдени во Македонија

Денеска (25.09.2021) во 13:45 часот полициски службеници од Полициска станица Богородица кај место викано „Одморалиште“ на автопатот „Пријателство“, го лишиле од слобода Д.С. од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „криумчарење на мигранти“.

При контрола во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти (Сомалија-6, Сирија-3 и Пакистан-1).

За случајот е известен Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.