Даниел Малдини во својот прв настап како стартер во Серија А, постигна гол за Милан и даде значаен придонес за победа од 2-1 на гостувањето кај Специја.
По Чезаре и Паоло, нов Малдини почнува да му носи радости на Милан, Даниел го постигна својот прв гол во Серија А.
19-годишниот Даниел Малдини денеска го имаше своето деби како стартер во Серија А и успеа да ги освои насловните страници.
Течеше 48. минута кога Калулу нафрли, а Малдини погоди со глава за водство на Милан од 1-0.
Специја израмни во 80. минута со гол на Верде, но седум минути подоцна гол даде Брахим Дијаз за победа на Милан од 2-1.