среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Падна одлуката? Само еден кандидат за наследник на Куман

Падна одлуката? Само еден кандидат за наследник на Куман

Поранешниот играч на Барселона, Чави Ернандез ја отфрли можноста да го преземе клубот во тешки времиња, па наводно му останува само еден кандидат за наследник на Роналдо Куман.

Под водство на холандскиот стручњак Барселона игра лошо и веќе сега сите ја отпишаа од трката за титулата во Шпанија, и прашање на време е кога Куман ќе добие отказ.

Откако Чави одби да ја преземе клупата на Барселона бидејќи верува дека се уште не е доволно подготвен за тоа, ТНТ Спортс објави дека одлуката паднала на Роберт Мартинез, моментално селектор на Белгија.

Договорот на Куман важи до крајот на сезоната, но Барселона се надева на договорен прекин на соработката пред време, бидејќи работите не одат според планот.

Покрај Чави, други кандидати за нов тренер на Барселона беа Антонио Конте, Андреа Пирло, Филип Коку и Јоаким Лев, но последните информации велат дека одлуката паднала на Мартинез.

Шпанецот е на клупата на Белгија од летото 2106 година.