вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фајзер бара одобрување на вакцината за деца на возраст од 5 до 11 години

Фајзер бара одобрување на вакцината за деца на возраст од 5 до 11 години

Фармацевтската компанија Фајзер и Бионтек денеска до американската Агенција за храна и лекови поднесе прелиминарни резултати од испитувањето на употребата на нивната вакцина против коронавирусот за деца на возраст од 5 до 11 години.

Компанијата најави дека наскоро ќе испратат официјално барање до агенцијата ФДА за одобрување на вакцината за деца од оваа возраст бидејќи испитувањето покажало дека вакцината е ефикасна и безбедна за нив, пренесуваат агенциите.

Вакцината претходно беше одобрена за употреба на деца постари од 12 години, како во Америка така и во европски земји.