понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џафери во официјална посета на Србија

Џафери во официјална посета на Србија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре до 24 мај 2018 година, ќе биде во официјална посета на Република Србија.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, со претседателот на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка во Народното Собрание на Република Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери ќе биде придружуван од членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија Иван Стоиљковиќ, кој е претседател на групата, и  од Илија Николовски и Мирсада Емини Асани, членови.

Најнови вести