вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ: Да останеме на земја, нема секогаш да биде вака розево и убаво

Вујовиќ: Да останеме на земја, нема секогаш да биде вака розево и убаво
Македонскиот ракометен шампион Вардар го победи европскиот вицешампион Алборг со 30-28 и по три кола во Лигата на шампионите се уште не знае за пораз.
Тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ е презадоволен од стартот, но вели дека не треба да се лета премногу.
За мене Алборг е еден од најдобрите четири тима во Европа, имам голема почит за нив. Се боревме во текот на целиот меч, го контролиравме натпреварот, особено во дефанзивата се боревме напорно, бевме силни со неверојатниот Борко на голот, на крајот победивме, но ќе повторам за мене Алборг е еден од најдобрите четири тима во Европа и е фаврит за пласман на фајнл-фор. Нашите амбиции се да го победиме следниот натпревар, значи да го победиме Монпелје. Нашата основна цел е да се пласираме во осминафиналето, мора да бидеме смирени, да стоиме на земја. Бидете сигурни дека ќе дојдат и лоши периоди, нема секогаш да биде се вака убаво и розево“, вели Вујовиќ.