петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од утре со чадор: Еве кога ќе има стабилизирање на времето

Од утре со чадор: Еве кога ќе има стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и посвежа воздушна маса, до петок претпладне ќе се задржи претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа).

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2 дожд.

Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето.

Утринските температури ќе опаднат, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Најнови вести