Ќерката на покојниот пејач Синан Сакиќ, Џулкица Сакиќ Амзиќ во моментов со семејството живее во швајцарскиот град Базел, а сега на свет го донесе своето четврто дете.
Џулкица ја роди и четвртата ќерка, а среќната вест ја објави и нејзиниот брат Ален Сакиќ, за потоа да се огласи и самата таа.
-Повторно станав вујко, напиша Ален, а потоа започнаа честитките од сите страни.
Инаку таа пред неколку месеци си ја отвори и душата за српските медиуми откривајќи дека лекарите и откриле рак на матката, а истиот го спречува со бременоста.
– Лекарите во Базел ми дијагностицираа рана форма на рак на матка, но исто така ме советуваа дека е најдобро да останам во друга состојба, бидејќи бременоста може да ме спаси од понатамошен развој на карцином, хемотерапија, зрачење – рече Џуликица. Тоа беше вистински шок за мене, но кога се освестив, сфатив дека тоа е добар излез од таа ситуација. Мојот сопруг Аљо се согласи со тоа, и јас треба да се породам во септември – рече таа, додавајќи дека сега се чувствува одлично и дека наскоро ќе добие четврта ќерка со нејзиниот сопруг. Прво, не сакав да и кажам ништо на мајка ми, а потоа и реков дека сум бремена, но и причината зошто решив да останам бремена. Јас веќе имам три ќерки, а сега ја чекаме четвртата. Пресреќна сум поради тоа, и болеста се повлече – изјави таа за „Експрестаблоид“ неодамна.