сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Србин во Србија свирепо си го убил својот брат па избегал од државата – македонската полиција го фатила во Кавадарци

Србин во Србија свирепо си го убил својот брат па избегал од државата – македонската полиција го фатила во Кавадарци

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.09.2021 на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и лишија од слобода српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство“ на неговиот брат.

Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.