Шериф Тираспол, каде настапува македонскиот фудбалер Бобан Николов, приреди изненадување и победи на теренот на Реал Мадрид во второто коло од Лигата на шампионите.
Молдавскиот првак е тема на разговор на светските медиуми. Нивниот успех донесе неверица кај навивачите на „кралевите“, но и меѓу шпанските новинари.
Еден од нив постави понижувачко прашање на фудбалерот на Шериф, Густаво Дуланто. Мислејќи на играчкиот кадар, тој го запраша дали сите се професионалци, или пак, имаат и други работи.
Ова прашање наиде на осуда од фудбалскиот свет во Европа, кој побара повеќе почит за Шериф.
Видеото погледнете го ТУКА