петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска на средба со граѓаните од Гази Баба: Нехумано е во 21 век да се живее со проблемите со кои што се соочува оваа општина

Арсовска на средба со граѓаните од Гази Баба: Нехумано е во 21 век да се живее со проблемите со кои што се соочува оваа општина

Потребно е итно решавање на актуелните проблеми на Гази Баба, не треба да чекаме туку да започнеме веднаш, им порача на граѓаните на оваа општина независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовски, при вечерашната средба.

Граѓаните отворено зборуваа за секојдневните проблеми што ги имаат и што им го загрозуваат секојдневието, како проблемот со чистата вода за пиење, непостоењето фекална канализација во некои делови од општината, лошата поврзаност со центарот на градот и високата загаденост на воздухот, на што Арсовска истакна дека нехумано е да се живее во 21 век со вакви проблеми секој ден.

Притоа Арсовска изнесе конкретни решенија за овие проблеми со што Гази Баба ќе го добие потребното внимание и грижа од градските власти. “Директно ќе го поврземе Маџари со Ново Лисиче со мост кај Вардариште, а со цел олеснување на економскиот транспорт кај многубројните инвеститори во делот на Маџари, предвидуваме продолжување на улицата Маџари од рампата во Маџари преку Вардариште до реката Вардар, со нов мост и продолжување до раскрсницата на бул. АСНОМ со булеварот Февруарски поход. Со ова ќе осигураме полесен пристап, растеретен сообраќај и директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром”, објасни Арсовска.

Како посебен аспект во насока на зачувување и проширување на зелените површини, воедно и како мерка против загадувањето, Арсовска најави дека посебен проект е наменет за парк-шумата Гази Баба: “Во срцето на градот Скопје имаме непроценливо природно богатство. На овој локалитет ќе ги обновиме постојните и ќе создадеме нови пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и летниковци”, им порача Арсовска на граѓаните на Гази Баба.