петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лапорта веќе ја најде замената за Куман

Лапорта веќе ја најде замената за Куман

Иако се најавуваше враќање на Чави Ернандез или доаѓање на Роберто Мартинез на клупата на шпанска Барселона, по сѐ излгеда првиот човек на каталонската гордост Жоан Лапорта има поинакви идеи, па според „радио Каталуња“, Андреа Пирло би требало да биде новиот кормилар на петкратниот европски првак.

Според информациите од Шпанија, деновите на Куман му се избројани и од Лапорта добил ултиматум да го победи првакот Атлетико Мадрид, после мизеријата и срамот во Лисабон со поразот од Бенфика во ЛШ со 0-3. Ретко кој се надева дека Куман може да преживее после викендов, па Лапорта веднаш се фатил за работа за да најде замена.

Најмногу од причина што новиот тренер ќе добие две недели за подготовка, бидејќи следува паузата за мундијалските квалификации, а Пирло сега е фаворит за кормилото, иако немаше баш успешно тренерско деби во минатата сезона како кормилар на Јувентус.

Ваквите информации што ги објави „радио Каталуња“ ги разочараа навивачите, кои се незадоволни од изборот на Лапорта за Пирло да биде тренер, зашто ем е неискусен, ем во оваа ситуација нереално е да се очекува дека ќе го препороди тимот, посочувајќи дека тимот нема да има некој поголем напредок во однос на тоа што го игра со Куман.

Одлуката за Пирло да биде тренер кај Лапорта доаѓа од финансиски аспект, Италијанецот е слободен и е најевтин од останатите кандидати.