Неколку луѓе загинаа во експлозија во близина на џамија во Кабул, јавуваат светските медиуми.
Нападот бил извршен за време на погребот на мајката на портпаролот на Талибанците, Забидула Мухаџид. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Група која ја поддржува Исламската држава во Авганистан, и која се противи на Талибанците, ја презеде одговорноста за серијата експлозии во источниот дел на земјата во последните недели.
Раководството на италијанската болница во Кабул потврди дека примиле четворица пациенти кои биле повредени во експлозијата.
На лице место се голем број медицински тимови.
– Слушнав звук на експлозија кај џамијата, а потоа рафали, изјавил еден Авганистанец за АФП.
Taliban are not allowing media and journalists to report on casualties.
Reports says the number of death is higher than Taliban initially reports.#KabulAttack #Afghanistan #IslamicState #ISKP pic.twitter.com/Ksqs9riBjY
— Mohammad Khawri (@mohammadkhawri) October 3, 2021
Тој додал дека талибанците го блокирале патот кон џамијата бргу по нападот.
Билал Карими, заменик портпарол на Талибанците, рекол за Вашингтон пост дека „несреќната експлозија“ се случила пред капијата на џамијата на главниот автопат.
– Почнавме истрага за да го утврдиме бројот на жртвите од експлозијата, рече Карими, нагласувајќи дека меѓу жртвите нема талибански борци, туку дека загинале цивили.