вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж се задушил: Влегол во подземен резервоар за вода и останал без кислород

Маж се задушил: Влегол во подземен резервоар за вода и останал без кислород

На 02.10.2021 во 17,30 час во Полициско оддление Зајас, Л.Џ.(52) од с.Зајас пријавил дека во с.Колари во двор на куќа сопственост на А.З.(67) од с.Колари го забележал истиот паднат, без знаци на живот.

-Од полициски службеници е излезено на лице место и констатирано е дека А.З. околу 16,00 часот влегол во подземен резервоар за вода во неговиот двор, но поради недостаток на кислород дошло до задушување, информира МВР.

Од екипа од медицински центар Кичево констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.