понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев очекува МВР деновиве да го објави извештајот за пожарот во Тетово, потоа ќе одлучува за оставките

Заев очекува МВР деновиве да го објави извештајот за пожарот во Тетово, потоа ќе одлучува за оставките

Премиерот Зоран Заев очекува следните денови Министерството за внатрешни работи да го објави извештајот за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за јавноста да биде информирана и за да може како претседател на Владата да донесе одлука за понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство.

– Делот од форензиката и вештачењето што го направи МВР е доставено до Јавното обвинителство и од тој аспект очекувам во следните денови да се објави од страна на Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство може да продолжи со истрагата и да утврди други аспекти ако треба, но одговорот на прашањето од што е настанат пожарот и сите детали поврзани со настанувањето на пожарот, очекувам да бидат јавно објавени за да знаат граѓаните, но тоа е и основата за да донесам одлука во врска со понудите оставки на министерот и заменик-министерот за здравство, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на извештајот на германските експерти, Заев рече дека начелно тој се очекува за околу две недели по нивното заминување.

– Колку што сум информиран од министерот за внатрешни работи по заминувањето на германските експерти начелно за околу две недели се очекува да стигне нивниот извештај, посочи Заев.

Најнови вести