петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата изврши контрола во две таксиња и еден објект – биле пронајдени 9 лица од Куба илегално влезени во Македонија

Полицијата изврши контрола во две таксиња и еден објект – биле пронајдени 9 лица од Куба илегално влезени во Македонија

Вчера околу 18 часот во Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ извршиле контрола во две такси возила „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувани од Д.К. и И.М., двајцата од Скопје, како и во еден објект во Гевгелија, при што пронашле девет лица од Куба кои илегално влегле на територијата на Република Македонија.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.