вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев вели дека многу вложиле во лозарството

Заев вели дека многу вложиле во лозарството

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Кавадарци порача дека винаријата „Повардарие“ ќе го заврши стечајот и ќе се врати во државна сопственост, а потоа ќе биде предадена на лозарите.

Заев изјави дека Владата вложила во лозарството како ниту една друга, а со милионите евра вложени во Кавадарци, покажале дека не ги делат општините по тоа кој ги води. Заев му порача на противкандидатот Митко Јанчев да не се фали со проекти, за кои Владата дала пари.

Kандидатот на СДСМ за градоначалник на Кавадарци, Горан Тодоров, вели дека Кавадарци е општина во приватна сопственост на Митко Јанчев.

Тој им порача на гласачите да не дозволат овој град да стане новото Кратово. Им вети регионален центар за откуп на грозје, пречистителна станица, гасификација, нова катна гаража, укинување на дел од платениот паркинг, грижа за децата младите и старите лица.

На промоцијата беше претставена и листата на кандидати за членови на општинскиот совет, предводена од Диме Коцев.

Најнови вести