Триесет и три годишниот Џ.С., пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје, вчера попладне започнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга Н.Р. (47) во двор од куќа на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово.
Од полицијата информираат дека во тој момент, нејзиниот син Р.Р. започнал со раце да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него.
-Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака. Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово, информираат од МВР.
Повредата на полицискиот службеник му била санирана од екипа на Итна медицинска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.