среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски по средба со Aндреј Вижјак: Ќе го земеме примерот од Словенија за заштита на животната средина и дигитализацијата за работа на општина Аеродром

Муцунски по средба со Aндреј Вижјак: Ќе го земеме примерот од Словенија за заштита на животната средина и дигитализацијата за работа на општина Аеродром

Во Словенија се сретнав со Претседавачот на Европскиот совет за животна средина и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Словенија Андреј Вижјак. Тој ни вети помош и поддршка во креирањето на Општина Аеродром во зелена општина, поддршка за сите еко проекти кои ги имаме во програмата, изјави Тимчо Муцунски по неговата средба со Претседавачот на Европскиот совет за животна средина и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Словенија Андреј Вижјак.

Тој истакна дека Словенија е најдобар пример за зелена нација која инвестира многу во животната средина и дека овој состанок е идеален за да се придонесе во развој на Општина Аеродром.

– Ќе го земеме примерот од нашите пријатели од Словенија за развој и дигитализација и ве уверуваме дека ќе имаме поддршка од нив во сите проекти со што Аеродром ќе го направиме најубава општина. Додека некој се занимава со навреди, некој работи за иднината на Општина Аеродром. Време е сите заедно да создадеме нова, зелена иднина, додаде Муцунски.