недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Јонг за критиките кои ги добива во Барселона: Едноставно е, јас не сум Меси!

Де Јонг за критиките кои ги добива во Барселона: Едноставно е, јас не сум Меси!

Френки Де Јонг е еден од играчите кои се најдоа на удар по лошиот старт на сезоната за Барселона, фудбалер кој прифаќа дел од одговорноста за неуверливите изданија, но кој сепак потенцира дека јавноста не може да очекува од него да постигнува голови.

Холандскиот репрезентативец во интервјуто за „Алгемен Дагблад“ јасно потенцираше дека тој во ниту еден сегмент не може да го замени учинокот на Лионел Меси, неверојатниот аргентински маестро кој редовно даваше над 30 голови и имаше над 20 асистенции во една натпреварувачка сезона.

– Очекувам повеќе од мене и стојам зад тоа. Но, јас не сум Меси, Меси е најдобриот играч на сите времиња. Не знам колку голови даваше и по колку асистенции имаше во една сезона. Едноставно не сум човек кој може да даде 30 голови во сезона, а ниту познавам играч за врска кој би дал толку голови.

– Точно е, треба да направам тимот да игра подобро, а секако дека може подобро од еден гол и две асистенции. Сепак, јас не сум играч на кој треба да му се суди за голови и асистенции по крајот на една сезона. Јас не сум Меси!

– Во овој момент, има негативни вибрации околу клубот и тоа е очекувано. Очекувано е кога Барселона нема добри резултати. Сепак, половина од напаѓачите не ни се на располагање, кога ќе се вратат играчите, ќе биде поинаку. Истовремено, ако бидеме реални, против Гранада и Кадиз, Барселона секако мора да победи. Добро е што ништо не е загубено, Реал и Атлетико се блиску на табелата и ќе се бориме до крај. Истото важи и за Лигата на шампионите каде мора да победиме на следниот меч по секоја цена, – потенцира Де Јонг.