недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ти Зоран Заев, лично со твојот пулен Филипче сте одговорни за смртта на овие луѓе, направена е бизнис зделка од ваш интерес

Мицкоски: Ти Зоран Заев, лично со твојот пулен Филипче сте одговорни за смртта на овие луѓе, направена е бизнис зделка од ваш интерес

Наместо да имаше целосна истрага, наместо уште првиот ден најодговорните да бидат повикани во обвинителството да даваат искази, да се препотуваат, а премиерот како прво повикан, па потоа и министерот и заменик министерот за здравство да си дадеа оставка, пред се како морален чин, тие што направија? Мислеа, мислеа неколку недели како да ја одбегнат одговорноста и смислија да обвинат дека крив за 14 жртви бил кабелот во модуларната болница, рече Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Петровец.

Мицкоски ги повика да кажат отворено и јавно да признаат како што се договарале за сите наместени тендери, така се договориле ДУИ и СДСМ да нема одговорност и вина за 14те починати луѓе во модуларната болница во Тетово.

Па зарем мислат дека целиот народ ќе им верува во овие глупости, само за да ја одбегнат одговорноста за овој грозоморен настан? Кажете јавно и отворено и признајте дека како што се договарате за тендери, за сите криминални зделки така се договоривте ДУИ и СДСМ да нема одговорност за ова и вината да ја барате во кабел или полнач за телефон.

Мицкоски рече дури и да е виновна инсталацијата, тогаш одговорност треба да има за тоа, посочувајќи дека министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани се одговорни затоа што во болницата немало противпожарни апарати.

Дури и да е така, тогаш кој е одговорен за инсталацијата во болницата? Кој друг освен министерот и заменик министерот за здравство се одговорни за тоа што немало противпожарни апарати и се чувале незаштитени боци со кислород во болницата? Кој друг ако не министерството за здравство, кој друг е одговорно за слабата изведба на болницата и за тоа што изгоре за не цели 2 минути? Па тоа е дел и од измените на законот за градење што вие ги предложивте. Каде е правилникот што треба министерот да го донесе за пуштање на модуларните болници во употреба?

Мицкоски е дециден и вели дека за ова кога тогаш мора и ќе има одговорност.

Ова е срам за сите нас! Ова е срам за сите во оваа држава! Четири недели чекавме за вакво фијаско?! Четири недели не отидовте во Тетово да ги погледнете во очи семејствата на загинатите. Четири недели бегате од одговори. Ова нема да ви помине! За ова кога тогаш, јас ви ветувам ќе одговарате сите. Луѓето живи гореа внатре и бараа помош, порача Мицкоски.

Најнови вести