недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Мојата цел е да создадеме силни поколенија, се обврзуваме за изградба на две нови детски градинки

Стојкоски: Мојата цел е да создадеме силни поколенија, се обврзуваме за изградба на две нови детски градинки

Мојата цел е да создадеме силни поколенија, да создадеме силни индивидуи, затоа како кандидат за градоначалник за најмладите во нашата изборна програма се обврзуваме за изградба на две нови детски градинки, како и доградба и проширување на постоечките капацитети на веќе изградените градинки, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на вечерашниот митинг.

Тој посочи дека за учениците гарантира подобрување на условите преку реконструкција на дотраените објекти и нивно осовременување со нови енергетско ефикасни фасади и замена на постојните азбесни кровови. Реновирање на дотраените спортски сали и изградба на три нови мултифункционални игралишта, од кои едното во основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ другото во Ново Село и третото во основното училиште ,„Страшо Пинџур“Гарантираме и нови вон-школски програми за странски јазици и за изучување на ИТ вештини.

Мојата цел е да создадеме силни поколенија, да создадеме силни индивидуи, кажа Стојкоски и ги посочи следниве проекти:

-Реконструкција и осовременување на фасадите од училиштата со нови енергетско ефикасни фасади.
-Реновирање на дотраените спортски сали и изградба на три нови мултифункционални игралишта,
-Нови вон-школски програми за странски јазици и изучување на ИТ вештини,
-Средства за стимулирање и стипендии за најдобрите ученици и спортисти,
-Подигнување на нови 20 илјади м2 нови зелени површини и реконструкција на истите,
-Целосно санирање на дивата депонија во Ново Село

Општината ќе обезбеди и средства за стимулирање на надарените и талентирани спортисти и ученици. Преку наградување на најдобрите, најуспешните а финансиски ќе ги поддржиме учениците и нивните ментори за учество на државни и меѓународни натпревари. Ќе доделуваме и стипендии за најдобрите ученици и спортисти, истакна Стојкоски.

Тој додаде дека спортските клубови во него ќе имаат силен сојузник. Новиот спортско рекреативен центар во Хром со уредениот кеј на реката Вардар, ќе биде централно собиралиште на сите спортисти од општината.

Гарантираме и подигнување на над 20 илјади м2 нови зелени површини со парк во секое маало. Нови паркови во Волково, Ново Село, Мирче Ацев, Хром, Дексион како и целосна реконструкција на централниот парк во срцето на Ѓорче Петров, потенцираше Стојкоски.

Тој кажа дека гарантира и целосно санирање на дивата депонија во Ново Село, како и уредување на просторот со нови зони за спорт и рекреација.

Ќе направам се што е во моја моќ да го дигнеме стандардот на граѓаните во Ѓорче Петров со урбанизација и изградба на подземната инфраструктура на индустриската зона и да создадеме услови за развој и влез на нови инвестиции заклучи Стојкоски.