Македонската фудбалска репрезентација пристигна вечерва во Вадуц каде в петок против домаќинот Лихтенштајн ја очекува исклучително важен натпревар од чиј исход зависи дали „црвено – жолтите“ ќе ги задржат шансите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.
Во составот на селекторот Благоја Милевски, под чие водство националниот тим има ефект од три нерешени натпревари во квалификациската група Ј, поради повреда го нема стандардниот играч од средниот ред Енис Барди, а ново име е дебитантот Ердал Ракип од шведскиот шампион Малме.
Натпреварот се игра в петок со почеток во 20:45 часот на националниот стадион „Рејнпарк“, а главен судија ќе биде Полјакот Бартош Франковски.
Октомврискиот циклус од мундијалските квалификации македонските фудбалери ќе го заокружат со дуелот во Скопје против лидерот во групата Германија на државниот празник 11 октомври.