Почитувани вечерва во нашиот град актуелната власт ќе одржи митинг.
Како што веќе знаете актуелниот премиер не е дел од делегацијата .
Зошто?
•Нема што полошо да донесе за нашата општина?
•Нема што да ги лаже граѓаните на Преспа?
•Остана без нови лаги за земјоделците?
Но, добро познатиот филозоф Сенека рекол: “Еден дел од нашето време ни го крадат, добар дел ни го измамуваат, а делот што останува неприметно се губи“
Епа за да не го губиме ни ја прати Шекеринска да ни каже дека сме во Нато , додека луѓето горат во болниците .
Да ни каже дека им купила нови чизми на војниците додека соседството се подновило со најнова артилериска опрема .
Да ни каже дека откупот на јаболкото е загарантиран?
Да не излаже дека имаме потврдена цена за индустриското јаболко исто колку и новиот откупен центар што ќе го изградеше⁉️
И да “Нема вистина во личност која не е во состојба да го контролира својот јазик и лагата”
Може да бегате од Ресен , но не и од одговорноста‼️
Ќе одговарате‼️, стои во Фејсбук реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК – Ресен, по повод денешниот митинг на СДСМ во РЕсен.