среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Ердоган можеби е премногу болен за да ја води Турција

ВИДЕО: Ердоган можеби е премногу болен за да ја води Турција

Растат доказите дека претседателот на Турција е болен – и тоа може да биде лоша вест за политиката на земјата.

Од 2019-та година, турските експерти, новинари и анкетари гледаа на турските општи избори закажани за 2023 година. Ова е веројатно затоа што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) претрпе понижувачки порази од своите кандидати за градоначалници во главните туристички центри во Турција, вклучувајќи го и Истанбул, на локалните избори во 2019-та година. Редовните анкети од тие избори откриваат дека популарноста на АКП опаѓа, иако ги држи под контрола турските политички институции и медиуми. Анегдотски, се чини дека на претседателот Реџеп Таип Ердоган му пројде времето , особено кај младите луѓе, пренесува Форин Полиси.

Функцијата на Ердоган навистина може да биде ранлива пред 2023-та година – само не мора на начин како што мислат повеќето луѓе. Постојат знаци дека тој можеби е премногу болен за воопшто да се кандидира за реизбор.

Во последните месеци се појавија серија видеа во кои турскиот лидер не изгледаше добро. Некои од нив не се толку јасни како другите, но, земени заедно, поставуваат некои очигледни прашања за здравјето на Ердоган. Во едно видео, на пример, се чини дека на претседателот му е потребна помош од неговата сопруга додека симнува неколку скали. Во друг, се чини дека се меша и има потешкотии при одење по Аниткабирот, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк. Во видеото што привлече големо внимание минатиот јули, Ердоган се чини дека избледе и ги измеша зборовите за време на телевизискиот празничен поздрав до членовите на АКП.

Тој понекогаш изгледал навистина изгубено, тврди Форин Полиси. Во Турција се зборува дека тој се борел со зголемена заборавеност, како и проблеми со дишењето, конфузија и повраќање. Според истите овие извештаи, претседателот го зголеми бројот на лекари околу себе,а ги намали средбите со печатот, а бил заприметен како пие лекови против болки пред јавните настани.

Годините го прават своето

Но, сепак ваквите шпекулации можат да бидат и „празен муабет“. Често се појавиле и снимки на кои се чини дека Ердоган е сосема здрав.

Сепак, турскиот претседател има 67 години, со што нормално е неговата енергичност да не биде како некогаш.