Данскиот репрезентативец Мадс Менсах Ларсен го продолжи договорот со екипата на Фелнзбург.
30-годишникот ќе остане во клубот од северниот дел на Германија до 2024 година. Тој пристигна во екипата во летото 2020 година, од редовите на Рајн Некар Левен.
„Многу сум среќен што ќе продолжам да пишувам успешна приказна заедно со Флензбург. Имавме многу добри преговори и поради близината со мојата родна земја Данска, одлуката беше донесена многу лесно.
Моето семејство и јас се чувствуваме многу удобно овде и се адаптиравме многу брзо. Со нетрпение ги очекувам годините што доаѓаат“, изјави Данецот.
Менсах Ларсон е олимписки првак, двапати се радувал на светската титула, а во два наврати ја освоил титулата во Бундеслигата.