Давид Алаба ја игра првата сезона како член на Реал Мадрид, а напуштањето на Баерн Минхен за преселба во Шпанија му донесе неколку „отровни стрели“ од поранешниот претседател на Баварците, Ули Хенес.
Во последната изјава Хенес тврдеше дека самиот Алаба му се доверил дека сонува да настапува за Барселона, па тој бил изненаден дека прифатил да игра за најголемиот ривал Реал Мадрид.
За време на собирот со австриската репрезентација, Алаба добил прашање за ова тврдење, на што тој со насмевка одговорил дека Хенес не ја кажува вистината.
– Се сеќавам на нашиот разговор, но содржината беше поинаква.
– Разговорот течеше поинаку, а не како што вели Хенес, – изјавил Алаба.
Австриецот го напушти Баерн по 13 години, а сезонава има голема минутажа во новиот клуб.