недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Донарума плачел по мечот поради свирежите од навивачите на Милан

Донарума плачел по мечот поради свирежите од навивачите на Милан

Фановите на Милан му приредија непријатно добредојде на Сан Сиро на нивниот поранешен голман Џиџо Донарума.

Навивачите на Милан уште пред мечот најавија дека Донарума не е добредојден веќе на нивниот стадион, тие не можат да му простат затоа што си замина, иако имаше опција да потпише нов договор.

На синоќешниот меч меѓу Италија и Шпанија, фановите на Милан кои беа на трибините му свиркаа на Донарума во текот на целиот меч. Кога ќе беше топката кај него, се слушаа свирежи.

Според италијанските медиуми, по натпреварот Донарума плачел во соблекувалната поради свирежите кои ги добил, му паднало многу тешко.

Ова беше и прв натпревар на Донарума во дресот на Италија во кој прима повеќе од еден гол. А за Азурите брани веќе пет години.