четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

После точно 20 години: Бекам првпат го слушна легендарниот коментар за неверојатниот гол на „Олд Трафорд“ (Видео)

После точно 20 години: Бекам првпат го слушна легендарниот коментар за неверојатниот гол на „Олд Трафорд“ (Видео)

Дејвид Бекам долги години беше капитен на англиската репрезентација и главна ѕвезда во тимот на „Гордиот албион“, но дефинитивно, Бекси стана национален херој во квалификациите за Светското првенство во 2002-ра година, кога погоди во судиското продолжение во последниот меч со Грција.

Англија обезбеди директен пласман на завршниот турнир поради магијата на Бекам во 93-та минута од средбата, кога успеа да испрати неодбранлив удар од слободен во мрежата на грчкиот голман.

Ремек-делото на „Олд Трафорд“ денеска наполни точно 20 години, а Бекси ја долови неговата реакција за голот кој првпат го виде со легендарниот радио коментар на Алан Грин.

– Пред точно 20 години на денешен ден, а јас првпат го слушам овој коментар….. Да ја претставуваш својата земја, да бидеш капитен на својата земја, да постигнеш гол за фановите и да го направиш тоа на „Олд Трафорд“……, – гласи емотивната порака на Бекси која експресно стана вирален хит.

Инаку, со неговиот гол, Англија тогаш израмни на 2:2, а ремито беше доволно да заврши пред Германија во групата и директно да се пласира на мундијалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)