недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ширер за новата ера во Њукасл: Заврши времето на преживување

Ширер за новата ера во Њукасл: Заврши времето на преживување

Алан Ширер е голема легенда на Њукасл Јунајтед и фудбалски голгетер кој остави сериозен печат во англиската Премиер лига, па неговата реакција за новите сопственици на клубот привлече големо внимание.

Ширер се наврати на изминатите години во кои клубот не инвестираше како своите ривали и не можеше да се бори за трофеите како во периодот кога тој настапуваше во црно-белиот дрес.

– Она што го правевме изминативе 14 години беше мал напредок и преживување.

– Немавме никакви амбиции, преживувавме, не можевме да се бориме за трофеи, а овој град и навивачите заслужуваат повеќе.

– Навивачите се лојални, го сакаат својот клуб и Њукасл е нивниот живот. Многу работи зависат од тоа дали нивниот тим ќе победи на секој следен натпревар. Работат напорно цела недела за потоа да ги потрошат парите на клубот, па ја разбирам еуфоријата и нивната реакција по оваа вест. И јас се чувствувам исто, ова е специјален ден за нас, – изјавил Ширер.

Ширер постигна 206 голови за 10 сезони дресот на Њукасл, а со негова помош „црно-белите“ имаа седум Топ 4 пласмани во Премиер лигата и три пати играа во Лигата на шампионите.