четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Марков: Илијев четири години ги лаже младите во Кочани – видовме колку тежи неговиот збор

Марков: Илијев четири години ги лаже младите во Кочани – видовме колку тежи неговиот збор

На Кочани му треба нова иднина! На Општина Кочани и се потребни нови и свежи лица, на Кочани му е потребна промена на локалната власт! Еве деновите од кампања го гледаме градоначалникот кој несака да биде градоначалник заедно со нови кандидати за советници како без меморијата на ветеното, ветуваат тоа што Николчо Илијев не го исполни во минатиот мандат, изјави на денешнатс прес конференција, Гоце Марков потпретседател на ОК и кандидат за советник на листата за Општина Кочани предложена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Тој истакна дека Илијев во својата програма ветуваше и ИЗЛАЖА дека Кочани ќе го ГАСИФИЦИРА, на пензионерите 2017-та им ветуваше дека ќе гради СТАРЕЧКИ ДОМ, потоа истите луѓе, 2018-та ги лажеше дека парите се обезбедени, за денес, 4 години по ветувањето и 3 години по лагата за обезбедени средства истиот тој бесрамно да бара уште 4 години мандат!? Срамота!

– На МЛАДИТЕ им вети и ги излажа кога вети: “Вложуваме во младите-отвораме центри за отпочнување и развој на бизнис”… 4 години младите на Кочани чекаа на ова ветување, ама залудно! Самиот Илијев во својата програма пред 4 години напиша: „подржуваме и поттикнуваме сите демократски механизми како петиции, претставки, граѓански иницијативи, собири на граѓани и референдуми”. Внимавајте добро, и, ,референдуми”!? А барањето за одржување на референдум во Кочани поднесено во нашиот совет беше експресно одбиено токму од оваа власт!?запраша Марков.

– Почитувани пријатели, еве гледате колку тежи нивниот збор, лаги, манипулации и лажни ветувања, ама овде сме за да не дозволиме пак да ве излажат. Да создаваме нова иднина без лагите и лажните ветувања на зорле кандидираниот, додаде тој.