понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент во охридски локал: На сила ја отвориле вратата, седнале да пијат, кога дошле полицајците ги нападнале

Инцидент во охридски локал: На сила ја отвориле вратата, седнале да пијат, кога дошле полицајците ги нападнале

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н. (26) за сторено кривично дело “тешка кражба” и “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и против С.К.(22) и П.Т.(18), сите од Охрид, за сторено кривично дело “спречување на службено лице при вршење службено дејствие”.

На 11.05.2018 година во 02.05 во локал во Охрид, првопријавениот со физичка сила ја отворил влезната врата од објекот, по што влегол внатре и одзел шише коњак кое го ставил на масата на која седеле пријавените.

Откако настанот бил пријавен од страна на сопственикот на локалот, пријавените одбиле да бидат легитимирани од страна на полициски службеници, по што првопријавениот физички го нападнал полицискиот службеник, а додека второ и трето пријавените ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените дејствија со цел да му овозможат на првопријавениот да избега, по што истите биле совладани и лишени од слобода.