понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Запален „Форд“ на паркинг во Аеродром

Запален „Форд“ на паркинг во Аеродром
илустрација

Синоќа околу 20.20 часот било пријавено дека на паркинг на булевар „Јане Сандански“ во Скопје имало опожарено патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за возило „Форд Мондео“ сопственост на Б.А. (20) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.