четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Германците нема да тренираат во Скопје и ќе бидат без Мануел Нојер

Германците нема да тренираат во Скопје и ќе бидат без Мануел Нојер

Фудбалската репрезентација на Германија утре попладне ќе пристигне во Македонија за натпреварот кој е закажан за во понеделник (11. октовмри) во Скопје на Националната Аренна.

Интересно е тоа што селекторот Ханси Флик одлучи утре пред поаѓањето да го одржи последниот тренинг со репрезентативците и нема да тренираат во Скопје.

„Панцирите“ во Македонија ќе стигнат утре вечер според најавите и ќе бидат без првата звезда во тимот голманот Мануел Нојер.

Натпреварот кој ќе се игра меѓу Македонија и Германија во 8. коло од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година е закажан за 11. октомври 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.