Парите што ги крадат со неговиот ментор, Васко Ковачевски ги користат за кампањата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски после средбата со граѓани во Битола по која даде изјава за медиумите каде беше прашан и за последната афера објавена од партијата во однос на договорот кој една од фирмите на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски го имаат потпишано со АД Електрани на Македонија, во вредност од четири милиони евра за што постојат сомнежи дека со овие пари ја финансира неговата скапа, изборна кампања.
Мицкоски порача, ако ова не е точно нека го демантираат со тоа што ќе ги раскинат договорите и ќе ги вратат парите, па со програма нека излезат пред битолчани да ја бараат поддршката од граѓаните за нивниот кандидат за градоначалник, а не да се фали дека ќе ги купувал изборите.
-Еве, ако не е така нека ме демантира, нека ги раскине договорите, нека ги врати парите и нека излезе со програма пред битолчани, овдека и нека каже што ќе направи. Еве ако јас не сум во право, еве тој е во право нека излезе пред битолчани и нека каже што ќе направи. Нека ги врати, нека ги раскине договорите, со 15 милиони евра од кои што 3-4 милиони има нето профит, води кампања и се фали дека ќе ги купувал изборите, рече Мицкоски.
Тој посочи, дека таква е нивната програма, без понуда и програма за реализација на проекти, при што додаде, зарем на сево ова што се случува и што сите веќе го гледаат, ВМРО-ДПМНЕ треба да молчи? Мицкоски порача дека нема да молчат, затоа што партијата и кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски имаат план за развој на Битола и на цела Македонија.
-Таква е неговата кампања. Што треба да направиме на тоа, да молчиме? Па, нема да молчиме. Нема да молчиме затоа што имаме јасен план, јасна програма и за развој на Битола и за развој на Македонија и ќе се бориме. Затоа и реков, за нас ова е битка кога треба да се брани не само Битола, туку тука во Битола се брани Македонија од оваквите кои што ја опљачкаа, понижија и омаловажија нашата Македонија, порача Мицкоски.