вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски до Заев: Разбудете се, реалноста е дека делите парцели и плаќате 700 илјади евра во готово, народот е несреќен

Мицкоски до Заев: Разбудете се, реалноста е дека делите парцели и плаќате 700 илјади евра во готово, народот е несреќен

Кога ќе се разбудите од сонот, тогаш доаѓа реалноста, а реалноста е следна- треба да отидете кај Јавниот обвинител и да му кажете од каде она лице на кое му ја продадовте парцелата од хектар ипол во Струмица има 700 илјади евра во кеш. И како тоа лице после тоа на вашиот брат веднаш ја предаде таа фирма. Тоа е реалноста, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ТВ дуелот со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

-Инаку, сето ова е убаво како ние замислуваме дека треба да функционира една држава, затоа ви велам- ќе се разбудите од сонот и тогаш ќе сфатите каква е ралноста. Реалноста е поразителна. Луѓето кукаат. Прошетајте низ пазарите, низ трговските центри, ќе видите празни дуќани, продавачите се жалат дека со денови никој не влегува затоа што луѓето немаат пари да купат, на пазарите скапуваат плодовите, рече Мицкоски.

Тој го запраша Заев дали тоа е оној живот кој треба да им се донесе на граѓаните во иднина?

-Не се согласувам, напротив, ние треба да донесеме живот во кој граѓаните ќе бидат среќни. Тоа е сонот на мојата генерација, но за жал вие не успевате во тоа, но ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни тој сон, ако не на нашата тогаш на некоја друга генерација која што доаѓа. Разбудете се, тоа е реалноста, подвлече Мицкоски.

Најнови вести