понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Незири: Нема епилог за трагедијата во Тетово поради политизираното судство и хибридниот режим на СДСМ и ДУИ

Незири: Нема епилог за трагедијата во Тетово поради политизираното судство и хибридниот режим на СДСМ и ДУИ

Помина еден месец од трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што 14 тетовци беа изгорени живи и до ден денес се уште нема ни морална, ни правна одговорност, реагира пратеникот Аднан Незири од Алијанса за Албанците.

-Многу се зборуваше за истраги, меѓународни експерти, но се уште немаме епилог од овие истраги. Денес слободно можеме да констатираме дека политизираното судство и хибридниот режим на СДСМ и ДУИ, ги потврдија сите наши предупредувања. Оваа влада, покрај тоа што запали 14 животи и срцата на сите нас, ја исмеваше и болката на семејствата на жртвите. Наводните оставки, за кои исто така предупредивме, резултираа со, како што најавивме, голема измама и исмејување на членовите на семејството, вели Незири.

Тој додаде дека не бараат правда и одговорност од власта видејќи докажала дека е  неодговорни.

-Денес, ве предупредуваме дека правдата ќе дојде, ќе ве удри сите што со криминал и корупција крадевте од здравјето на граѓаните, од безбедноста на основните институции и од сѐ друго поврзано со безбедноста на граѓаните. Докажавте дека сте опасни за животот на сите во оваа земја, затоа ги повикуваме граѓаните заеднички да ја отстраниме оваа опасност по животот на сите нас и потоа да ги изведеме пред лицето на правдата сите оние што ни го затемнуваат животот овие две децении, рече Незири.

Најнови вести