четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Георгиевски: Создаваме нова иднина – Младите во Илинден заслужуваат подобри услови за спорт

Георгиевски: Создаваме нова иднина – Младите во Илинден заслужуваат подобри услови за спорт

Денеска ми беше особена чест како кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, да бидам домаќин на претставници од Комисијата за спорт од ВМРО-ДПМНЕ, предводена од ракометната легенда Борко Ристовски заедно со мојот брат Гоце Георгиевски, каде што имавме прилика да поразговараме за нашиот потенцијал како општина во однос на спортот, рече на прес-конференција кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Илинден, Александар Георгиевски.

-Исто така, во однос на идните планови во делот на спортот што ги имаме предвидено во нашата програма, како и за целиот потенцијал на ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни програми, како на локално, така и на национално ниво, истакна Георгиевски.

Спортот и младите ќе бидат во фокусот во следниот четири годишен период и на нашата партија, но и на нашата општина затоа што сметам дека младите генерации во општина Илинден заслужуваат подобри услови и поквалитетен спорт во иднина, додаде тој.