среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Додека народот гладува со 150 денари на ден, Заеви аздисуваат со нови БМВ-а

Мицкоски: Додека народот гладува со 150 денари на ден, Заеви аздисуваат со нови БМВ-а

Зошто оваа влада не најде можност да го реализира ветеното за тутунопроизводителите и денес пак лаже. Ова се случува сега, а по 17 октомври следи нова политичка реалност и влада на ВМРО-ДПМНЕ како треба да се работи и тоа посебно за земјоделците се обврзуваме дека повеќе од 200 милиони евра годишно идната влада ќе ги насочи кон земјоделците. Зошто не треба да му веруваат на човекот кој ја обиколува Македонија со најнова марка патничко возило БМВ? Ќе ви кажам зошто, затоа што во Ресен производителите на јаболка цената на бмв-то ја пресметуваат во милиони килограми јабола или колку што чини бмв-то толку чинат три милиони вкусни преспански јаболка, бидејќи само за два денари истото се откупува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кривогаштани.

По промените, рече тој, ви ветувам одговорност за сите криминали и сета нивна корупција.

-На овие избори се одлучува за иднината. На народот му е прекипено од оваа власт и народот гласно ќе зборува на 17 октомври, ќе ја казни оваа власт. За ова треба масовна излезност, ако има масовна излезност власта е немоќна, власта не може да купи толку гласови, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека од власта лажат.

„Нека не ве лажат дека сите сме исти. Ние веруваме во народот, ја слушаме неговата мака, а таа покажува колку е нечовечка оваа власт. Тоа што порано можеше да се купи со 1000 денари сега не се купува со 2000 денари, половина милион живеат со 150 денари на ден Затоа овие криминалци треба да ги пратиме во историја. И да, најдобри се во неспособност, лажење, криминал. Затоа мора сложно и обединето да излеземе на 17 октомври и да гласаме за број 7“, рече Мицкоски.