петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лампард ќе биде предводник на новиот проект на Њукасл

Лампард ќе биде предводник на новиот проект на Њукасл

Англискиот стратег Френк Лампард се поврзува со клупата на Њукасл, пренесуваат англиските медиуми. Њукасл минатата недела доби нови сопственици, откако синот на најбогатиот човек во Саудиска Арабија го купи клубот.

Извесно е дека досегашниот тренер, Стив Брус веќе е минато на „Сент Џејмс парк“, а како негова замена се споменува името на Френк Лампард. Лампард е без ангажман откако на почетокот на минатата година поради слабите резултати беше сменет од Челси.

Покрај Челси, Лампард во кариерата беше тренер и на Дерби Каунти. Покрај Лампард како можни наследници на Стив Брус во Њукасл се споменуваат и Антонио Конте и Роберто Манчини.