сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Мицкоски: Нашата кампања е со проекти и иднина, а на опонентот со притисоци и уцени и поткуп

Мицкоски: Нашата кампања е со проекти и иднина, а на опонентот со притисоци и уцени и поткуп

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостување на ТВ21 посочи дека нивната кампања е проследена со проекти и иднина, додека пак на опонентот со притисоци, уцени и поткуп.

Тој вели дека од нивна страна оваа кампања е многу сериозно сфатена.

Ова не е натпревар на проекти, стратегија, визија туку имаме една структура што презентира проекти, визија, стратегија, што планира со јасно дефинирана идеологија да прави во следните четири години, и имаме една структура која што кампањата ја темели на притисоци, уцени и поткуп, порача Христијан Мицкоски.