За смртта на пет лица кои се убиени во Норвешка во напад со лак и стрела, е осомничен 37 годишен државјанин на Данска, соопшти полицијата.
Уште две лица, меѓу ки и полицаец кој не бил на должност, се повредени во нападот кој се случи вчера на разни локации во градот Конгсберг кој е одалечен 68 километри од Осло.
Ејвинд Ос, шеф на полициските оперативни единици истакна дека осомничениот е фатен и дека делувал сам, а неговите мотици се уште не се познати.
-Полицијата ги дава овие податоци поради сите гласини на социјалните мрежи во врска со луѓето поврзани со овој многу сериозен инцидент, прецизирано е во полициското соопштение во кое се наведува државјанството на осомничениот, но не и неговиот идентитет.
Адвокатот на осомничениот потврдил дека тој соработувал со надлежните во истрагата.