Федерико Бернардески нема да може да игра на следните пријателски натпревари што ја очекуваат италијанската фудбалска репрезентација. Денес тој ќе ја напушти базата на „азурите“ поради повреда.
Како што објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров, играчот не закрепнал по повредата добиена во Јувентус, па стручниот штаб одлучи да го ослободи.
Бернардески ќе ги пропушти пријателски натпревари со Саудиска Арабија, Франција и Холандија.